Шпанскиот тим добива уште едно засилување

Лазаров добива конкуренција, Барса го договори Доленец

Словенечкиот ракометар кој игра на десната бековска позиција како и нашиот Кире Лазаров, со каталонскиот тим потпиша петгодишен договор кој ќе се активира по крајот на оваа сезона

објавено: 10 јануари 2017 - 14:00

Шпанскиот првак Барселона ги засили своите редови со Јуре Доленец од Монпеље. Каталонскиот тим и Словенецот потпишаа соработка која ќе биде со времетраење од пет сезони, а истата ќе се активира по финишот на оваа натпреварувачка година.

Станува збор за ракометар кој игра на десната бековска позиција, каде што е и впрочем нашиот Кире Лазаров.

Така, капитенот на македонската репрезентација ќе добие зголемена конкуренција на својата позиција. Така, Барселона во идната сезона на располагање ќе има три десни бекови. Покрај Лазаров и Доленец, тука е и талентираниот Французин Дика Мем.

Најново во Ракомет