Вечерашната победа за Каталонците значеше и титула

Лазаров и Ристовски со шампионска круна во Шпанија (ФОТО)

Двајцата Македонци со соиграчите од Барселона ја прославија 24. клупска титула во АСОБАЛ лигата

објавено: 18 април 2017 - 22:50

Барселона по 24. пат во својата клупска историја ја освоија титулата во шпанската АСОБАЛ лига.

Заедно со двајцата Македонци, Кире Лазаров и Борко Ристовски, Каталонците ја потврдија својата неприкосновеност во оваа сезона. Гигантот, вечерва на домашен терен ја победија Бидасоа Ирун со 39:25. Барселона по 26 кола има 52 бодови.

За Кире Лазаров ова е четврта титула во шпанското првенство, додека, пак, за Борко Ристовски ова е премиерен наслов во лигата.

Сега, Каталонците ќе можат комплетно да се фокусираат на двомечот со Кил од Лигата на шампионите.

Најново во Ракомет