Блескавата партија на нашиот ракометар си го направи своето

Лазаров меѓу „идеалните“ во ова коло од ЛШ

Македонскиот капитен со девет гола ја предводеше Барселона до нова победа над ПСЖ и заслужено се најде во овој избор. Место во најдобриот тим најде и вардаровиот голман Страхиња Милиќ

објавено: 5 декември 2016 - 08:53

Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров се најде во идеалниот тим на ЕХФ за ова коло од Лигата на шампионите. Постигнувајќи девет погодоци, десниот бек беше најдобар поединец на Барселона во победата над Пари Сен Жермен.

Покрај Лазаров, место во најдобрите за оваа рунда доби и вардаровиот голман Страхиња Милиќ. Со малку повеќе од 30 минути на голот, Милиќ успеа да запише 12 одбрани против Келце, меѓу кои три се удари од седумте метри.

ТИМ НА КОЛОТО ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Страхиња Милиќ голман Вардар

Анхел Фернандез лево крило Ла Риоха

Сејад Естеки лев бек Динамо Б.

Борис Пуховски среден бек Мотор

КИРЕ ЛАЗАРОВ десен бек Барселона

Тим Соренсен десно крило Кристијанштад

Игор Вори пивот ППД Загреб

Најново во Ракомет