КАПИТЕНОТ ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД ЕЛИТАТА

Лазаров и со Нант ќе „бомбардира“ во ЛШ

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров и во следната сезона ќе го гледаме во Лигата на шампионите. Неговиот нов тим, Нант, доби вајлд-карта за најсилното европско клупско натпреварување. 

објавено: 24 јуни 2017 - 15:20

Капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров и во следната сезона ќе го гледаме во Лигата на шампионите. Неговиот нов тим, Нант, доби вајлд-карта за најсилното европско клупско натпреварување.

Францускиот шампион ќе се натпреварува во групите А и Б, каде што се најде и европскиот и македонски првак Вардар. Дали Кире ќе биде гостин во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде познато на ждрепката закажана за 30 јуни во Љубљана. Вардар како потенцијални противници ги има Веспрем, РНЛ, Келце, ПСЖ, Кил, Флензбург, ППД Загреб, Нант, Барселона, Висла Плоцк, Кристијанштад, Алборг, Пик Сегед, Целје и БГК Мешков.



Најново во Ракомет