КИЛ СЕ СПАСИ ОД ПОРАЗ ПРОТИВ БАРСЕЛОНА

Лазаров со осум точни „проектили“ кон „зебрите“

Каталонците не го одбранија последниот напад, па на тешкото гостување во Кил стигнаа до реми (27:27), кое сепак е доволно да го сочуваат првото место во групата по 13. одиграни кола во Лигата на Шампионите.

објавено: 5 март 2017 - 21:30

Кирил Лазаров постигна осум голови од десет обиди, но тоа не беше доволно екипата на Барселона да излезе како победник во дерби дуелот со Кил од 13. коло од Лигата на Шампионите.

На гостувањето во Германија, тимот на Лазаров и на Борко Ристевски играше нерешено (27:27), иако во најголем дел од играта го имаше и водството.  

Но и овој бод е „голем како планина“ ако се земе в предвид дека е 23. по 13 одиграни кола, кои ја чуваат Барселона на лидерсктоо место во групата „А“, со бод плус во однос на ПСЖ пред финалната рунда во која во „Блауграна“ гостува Висла Плоцк, додека пак Французите (имаат 22. бода) го чекаат токму Кил. 

Барселона поведе со (5-1) по нецели седум минути од дербито. Но „зебрите“ брзо намалија на (4:5). И од тој момент, Каталонците беа во постојано водство. Но не поголемо од два гола, како што беше и на полувремето (15:13). 

До 45. минута Барса беше во предност, повторно од два гола (22:20). Но Кил успеа да дојде до израмнување (22.22), а во следниот напад и да поведе со (23:22). Тоа беше прво водство за Германците на овој натпревар, иако нашиот Кирил Лазаров имаше успешна шутерска изведба.

Во тие 50. минути Лазаров погоди шест од осумте упатени шута кон противничкиот гол.  И беше најефикасниот играч во гостинската екипа, кој дозволи противниот да „спои“ серија од четири гола, и да поведе со (24:22).  

Со седмиот гол на нашиот репрезентативен капитен, Барселона се доближи на (24:25), кога се играше 54. минута од играта во „Шпаркасе“ Арената.  Но немаше СТОП за Лазаров, кој погоди уште еднаш, осми пат на мечот.  Доволно шпанскиот супер-тим да ја врати предноста (26:25), но не и да победи. 

Кил се спаси од пораз, затоа што во последниот напад „црно-белите“ стигнаа до нерешени (27:27)

 

 

 

Најново во Ракомет