ЗАГУБАТА НА ТИТУЛАТА НИШТО НЕ МОЖЕ ДА ЈА НАДОМЕСТИ

ЛЕЈНО: Нема утеха во МВП наградата

„Не е лесно да се победи и горда сум на она што го постигнавме. Покажавме дека сме еден голем тим и никогаш нема да го заборавам ова" – потенцираше чуварот на мрежата на Вардар.

објавено: 13 мај 2018 - 21:02

МВП играчот на Ф4 турнирот во Будимпешта, Амандин Лејно се обиде да најде зборови за одјава од унгарската престолнина. Нема утеха, тоа јасно го потенцираше.

„Не, нема утеха". Никогаш досега не сум се оптоварувала со тоа да ја освојам титулата во Лигата на шампионите иако во мојата кариера немам таков пехар, но оваа година навистина бев опседната со тоа да ја освојам со Вардар. Од лани до годинава пораснавме многу, силно се боревме и горда сум....И сега ќе плачам..."направи пауза Лејно и продолжи
„Не е лесно да се победи и горда сум на она што го постигнавме. Покажавме дека сме еден голем тим и никогаш нема да го заборавам ова."

 

 

Најново во Ракомет