ВАРДАРОВАТА ГОЛМАНКА ВО ИНТЕРВЈУ ЗА Л'ЕКИП

Лејно: Немавме избор, моравме да се снаоѓаме, навистина е чудно...

Амандин Лејно и официјално во следните две сезони ќе го носи дресот на унгарскиот тим на Ѓер. Французинката за „Л'Екип“ го потврди она што веќе е познато, ЖРК Вардар од следната сезона ќе биде само еден обичен тим. 

објавено: 13 февруари 2018 - 09:20

Амандин Лејно и официјално во следните две сезони ќе го носи дресот на унгарскиот тим на Ѓер. Французинката за „Л'Екип" го потврди она што веќе е познато, ЖРК Вардар од следната сезона ќе биде само еден обичен тим.

„Претседателот на клубот ни соопшти дека од следната сезона клубот нема да го задржи ова високо ниво. Немавме друг избор освен да си заминеме. Добро е што оваа одлука ни ја кажаа рано сезонава, за да можеме да најдеме друг тим. Веќе ги има ракометарите и фудбалерите“, изјави Лејно.

На прашањето дали може приказната Вардар да заврши со титулата во Лигата на шампиони таа рече:

„Се надевам дека ќе успееме да ја освоиме Лигата на шампиони. Навистина е чудно, ни преостануваат уште три домашни меча. Во Вардар има одлична атмосфера, минав пет прекрасни години, дадов многу. Јас сум личност што се поврзува“.

Лејно во продолжение исткна дека финансискиот дел не бил пресуден за да потпише за Ѓер, туку амбициите на клубот. 

Најново во Ракомет