ДВЕ РАКОМЕТАРКИ НА „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ МЕЃУ НАЈПЛАТЕНИТЕ

Лекиќ и Лакрабер со „дебела“ заработка во ЖРК Вардар

Ако им се верува на романските медиуми, македонскиот шампион во изминатиот период вложил огромни суми на своите ракометарки. 

објавено: 22 февруари 2018 - 12:00

Ако им се верува на романските медиуми, македонскиот шампион во изминатиот период вложил огромна сума на пари. Меѓу петте најплатени ракометарки во светот се најдоа две вардарки, Андреа Лекиќ и Александра Лакрабер. Според „tolo.ro“ имаат годишна заработувачка во ЖРК Вардар од 205.000 евра, односно 17.000 евра месечно.

Најплатената светска ракометарка е Кристина Неагу од ЧСМ Букурешт, која заработува 265.000 евра годишно, или месечно повеќе од 22.000 евра. На второто место е Норвежанката Нора Мерк од Ѓер со 240.000 евра годишна плата. Додека третото и четврто место се најдоа Лекиќ и Лакрабер, петото место и припадна на Катарина Булатовиќ од Ростов Дон, со 180.000 евра годишно.

Големиот буџет со кој располага ЧСМ Букурешт, каде следната сезона ќе играат Јованка Радичевиќ, Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ е причината поради која романскиот интернет портал одлучи да излезе со топ-5 листа на најплатени ракометарки. 

 

Најново во Ракомет