Македонскиот шампион треба само да ја потврди победата

Лекиќ: Местото на Вардар е на фајнл-фор турнирот

„Секако дека го гледам Вардар на фајнл-фор турнирот, и знам колку сме желни како тим за оваа победа. Мораме да бидеме добро подготвени психолошки и не смееме да го потцениме противникот. Спортот е чудо, еден натпревар можеш да го изгубиш со десет, додека на реваншот може да победиш со 11 голови" вели Лекиќ.

објавено: 15 април 2017 - 16:04

Најдобриот женски ракометен колектив од Македонија, Вардар денеска од 17:30 часот против Митјиланд го игра реванш четврт-финалниот меч од Лигата на шампионите. Нашиот првак има два гола предност од првиот меч (28:26), па така денеска не би требало да има проблеми да го потврди четвртиот настап на фајнл-фор турнирот.

„Да не се залажуваме со оваа гостинска победа, иако реално е голема. Митјиланд 'скина' неколку фаворити на домашен терен, а кај нас здравствената ситуација не беше толку добра. Пак ќе ги повикам фановите во сабота да ни дадат голема поддршка бидејќи ќе ни биде потребна. Митјиланд нема што да изгуби, а таквите екипи се најопасни. Секако дека го гледам Вардар на фајнл-фор турнирот, и знам колку сме желни како тим за оваа победа. Мораме да бидеме добро подготвени психолошки и не смееме да го потцениме противникот. Спортот е чудо, еден натпревар можеш да го изгубиш со десет, додека на реваншот може да победиш со 11 голови" изјави Андреа Лекиќ.

Судии на денешниот меч се Борис Мандак и Марио Рудински од Словачка.

Доколку ЖРК Вардар се пласира, ова ќе биде биде четврти настап на Ф4 турнирот, каде што ќе се бара првата титула во Лигата на шампионите.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ РЕВАНШ СРЕДБИ
16:45ч. ФТЦ – ЧСМ Букурешт (25:30)
17:00ч. Ларвик – Будуќност (17:31)
17:30ч. ЖРК Вардар – Митјиланд (28:26)
19:00ч. Ѓер – Мец (31:32)

* Во заградата се резултатите од првите натпревари

Најново во Ракомет