ЕМОТИВЕН ГОВОР НА СРЕДНИОТ БЕК НА ВАРДАР

Лекиќ низ солзи: Ми беше чест што бев дел од ова семејство, ќе ми недостига Скопје, луѓето, Македонија..

Вардар ќе има шанса со посакуваната титула да стави крај на успешната бајка која траеше цели шест години. Македонскиот шампион го завери учеството во Будимпешта, откако и на реванш дуелот го совлада Митјиланд. 

објавено: 14 април 2018 - 18:59

Вардар ќе има шанса со посакуваната титула да стави крај на успешната бајка која траеше цели шест години. Македонскиот шампион го завери учеството во Будимпешта, откако и на реванш дуелот го совлада Митјиланд.

Андреа Лекиќ имаше емотивен говор...најави дека ќе направат се од себе за да го стигнат до круната.

„Овој меч за нас беше многу посебен. Ќе ми недостасува овој терен, луѓето, земјата. Тешко е да се збори без солзи, ќе дадеме се од себе на фајнл-форот. Ми беше чест што бев дел од ова семејство“, низ солзи кажа Андреа Лекиќ.

И на Ирина Дибирова не и беше сеедно...

„Денеска мечот беше емоционален, последен пред домашните играчи. Првото полувреме беше добро освен Кристијансен која ни направи проблем. Сите посакуваме да направиме голем успех во Будимпешта, знаеме дека ќе биде тешко, но ќе се подготвиме максимално. Горда сум на своите играчи", изјави Ирина Дибирова.

Најново во Ракомет