ЕХФТВ ГО ОДБРА НАЈДОБРОТО ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Леташе низ одбраната на Битигхајм: Голот на Лакрабер меѓу петте најдобри во Европа (ВИДЕО)

ЖРК Вардар на гостувањето кај Битигхајм постави нов клупски рекорд забележувајќи ја осмата победа во низа оваа сезона во Лигата на шаммпионите. 

објавено: 5 февруари 2018 - 09:15

ЖРК Вардар на гостувањето кај Битигхајм постави нов клупски рекорд забележувајќи ја осмата победа во низа оваа сезона во Лигата на шаммпионите. Убедливата партија и крајните 38-26 за македонскиот шампион значат зацврстување на првото место на табелата во групата 2 и сигурен пласман во четвртфиналето во елитното натпреварување.

По завршување на второто коло во главната рунда, ЕХФТВ ги одбра најдобрите потези, голови и одбрани.

Овој пат изборот падна на Александра Лакрабер. Французинката леташе низ одбраната на германскиот тим, асистенцијата на Андреа Пенезиќ ја претвори во прекрасен погодок, кој се најде на петото место во Топ 5 листата за ова коло.

Најново во Ракомет