КАДЕ МОЖЕТ ДА ГИ ГЛЕДАТЕ „ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ“ МОМЦИ

ЛИНК за Келце - Вардар (ВИДЕО)

Вардар му гостува на Келце во рамките на петото коло во Лигата на шампионите, мечот е закажан во 17 часот. 

објавено: 14 октомври 2018 - 12:00

Македонскиот првак Вардар досега сезонава покажа дека знае да биде голем и силен, кога многумина го сметаа за аутсајдер и ранлив, а нова шанса да ја потврдат својата моќ ја имаат во 17 часот на гостувањето кај полскиот шампион Келце.

Арена Спорт 2 ќе врши директен пренос на натпреварот, оние кои го немаат овој ТВ-канал мечот може да го гледаат на овој ЛИНК.

„Црвено-црните“ на ова гостување ќе бидат без големиот борец, Рожерио Мораес, а додека пак на другата страна Келце ќе настапи во 13 ракометари. Во составот на полскиот тим се врати екс-вардарецот Лука Циндриќ. Составите на двата тима може да ги видите ТУКА. 

 

Најново во Ракомет