ХРВАТСКИОТ СТРАТЕГ ЌЕ ГО ПРЕДВОДИ МЕТАЛУРГ

Лино не се појавил вчера, ама ветил дека ќе дојде денеска

По серијата од два порази, Металург денеска (17:30 часот) против Спортинг ќе се обиде да се издигне над „темните“ облаци. Тимот од Автокоманда сепак на оваа средба ќе игра по „нотите“ на Лино Червар.  

објавено: 30 септември 2017 - 16:07

По серијата од два порази, Металург денеска (17:30 часот) против Спортинг ќе се обиде да се издигне над „темните" облаци. Тимот од Автокоманда сепак на оваа средба ќе игра по „нотите" на Лино Червар.

Искусниот стратег, кој замина во Хрватска за да ги заврши обврските кон тамошниот национален тим, вчера не се појавил на последниот тренинг пред средбата со португалскиот состав, но ветил дека денеска ќе дојде во Скопје. Дали ќе остане на зборот ќе биде познато наскоро.

Противникот на вториот македонски тим во Лигата на шампионите, во групата Д влезе преку квалификациите. Спортинг зад себе има го има триумфот над Мотор Запорожје, што пак ќе биде дополнителен мотив за да дојде до втората победа во низа. Заедничко за двете екипи е поразот од Бешикташ, Металург беше совладан во второто коло, додека Португалците на стартот на новата сезона.

Инаку Червар ќе направи измена во составот, на голманската позицина Никола Даниловски ќе го менува Мартин Томовски. Шанса ќе добие Мартин Серафимов на местото на Јануш Лапајне. Во составот ќе биде Филип Арсеновски како замена за Костадин Петров, додека Мице Шилегов ќе го замени Александар Гуглета.

 

Најново во Ракомет