ЗАГРЕВАЊЕТО ЗАПОЧНА, БРОЈКИТЕ СЕ НЕИЗБЕЖНИ

ЛШ од 0 до 20.000 и „мистер единствен“ - Иван Чупиќ

Како загревање - Најважните факти пред стартот на 25-сезона во Лигата на шампиони, во која Вардар е бранител на титулата, а Иван Чупиќ е единствениот ракометар кој две години по ред го има подигнато пехарот. 

објавено: 13 септември 2017 - 11:45

Останува уште малку до стартот на новите возбудувања во Лигата на шампионите, која овој пат ќе биде поинаква за Македонија. Сега Скопје е во центарот внимането на ракометна европа, Вардар влегува како бранител на титулата.

Во јубилејната 25-сезона новинарите на ЕХФ ги претставија најважните факти. Играчот на „црвено-црните“ Иван Чупиќ влегува како единствен ракометар кој успеал да го подигне пехарот две години по ред. Најпрво тоа го стори во 2016, а потоа следната година на европскиот трон се искачи со Вардар.

„Спортмедиа“ ви издвојува дел од овие интересни информации...

0-До сега ниту еден тим не успеал да ја одбрани титулата во новиот формат на ЕХФ Ф4. Последен пат ова му успеа на Сиудад Реал во 2009 година.

0-Во групната фаза во новата сезона нема дебитанти.

1-Иван Чупиќ е единствениот ракометар кој успеал да ја одбрани титулата, поточно да ја освои две години по ред. ајпрво тоа го стори во 2016, а потоа следната година на европскиот трон се искачи со Вардар.

1-само еден човек успеал да ја освои Лигата на шампиони како тренер и играч. Талант Душебаев како играч тоа го стори со Сантандер во 1994 година, а потоа како тренер со Келце во 2016.

3-тројца шпански тренери беа дел од Ф4 во Келн: Раул Гонзалез (Вардар), Хавиер Себате (Веспрем) и Чави Пасквал (Барселона).

7 - поранешни или сегашни шампиони на ЕХФ Лигата на шампионите, кои имаат вкупно 15 трофеи, се дел од групната фаза 2017/18: Вардар, Киелце, Барселона, Кил, Флензбург, Монпелје и Цеље.

7 - поранешни или сегашни ИХФ Светски ракометари на годината се дел од 28-те екипи кои се дел од оваа во Лигата на шампионите: Арпад Штербик (2005 / Вардар), Никола Карабатиќ (2007, 2014, 2016 / ПСЖ), Тијери Омејер (2008 / ПСЖ) , Славомир Жмал (2009 / Келце), Микел Хансен (2011, 2015 / ПСЖ), Даниел Нарцис (2012 / ПСЖ) и Домагој Дувњак (2013 / Кил). Тренерот на Келце, Талант Душебаев, исто така, ја доби наградата - во два наврати (1994, 1996).

55,58 гола - беа постигнати во просек во сите 208 натпревари од сезоната 2016/2017

20.000 - навивачи се очекува да биде присутни на Фајнл-форот во 2018 година, кој ќе се одржи на 26 и 27 мај.

Останатите факти може да ги видите на овој ЛИНК. 

Најново во Ракомет