ЕКСТРА ПОНУДА ЗА ИСКУСНИОТ ГОЛМАН ОД УНГАРИЈА

„МАКЕДОНСКИ СПОРТ“ ОТКРИВА: Штербик нема да се пензионира во Вардар

Еден од најдобрите ракометарите на европскиот и македонски првак, Арпад Штербик од следната сезона би можел да го облече дресот на Веспрем за кого настапува Дејан Манасков.

објавено: 28 октомври 2017 - 08:50

„Бомба" во најава. „Македонски спорт" во денешното печатено издание открива дека Арпад Штербик добил сериозна понуда од Веспрем, а трансферот би се реализирал кон крајот на оваа сезона.

И покрај тоа што искусниот голман има 37 години, сепак челниците на клубот се свесни дека за освојување на европската титула им е потребен играч како Штербик, кој се чини дека ќе ја заврши кариерата онаму каде што блесна и покрај тоа што најавуваше дека сака да се пензионира во „црвено-цниот“ дрес. Тој во периодот од 2001 до 2004 година го бранеше голот на Веспрем, а потоа беше дел од екипите на Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона, па потоа дојде во Вардар.

Искусниот голман кој е еден од најдобрите во светот во таборот на „црвено-црните“ дојде во 2014 година, благодарение на неговите игри, македонскиот тим успеа да се искачи на тронот на Европа и оваа сезона да биде непжоразен. 

Сите детали околу трансферот на Штербик во Веспрем може да ги прочитате во денешното печатено издание на „Макеоднски спорт".

Најново во Ракомет