ЃЕР ГО СОВЛАДА ЧСМ БУКУРЕШТ ВО ПРВОТО ПОЛУФИНАЛЕ НА Ф4

Македонските снаи први во финале

Бранителот на титулата се промовираше во прв финалист со триумф од 26:20 (12:10) над романски ЧСМ Букурешт.

објавено: 12 мај 2018 - 16:54

Од Будимпешта,

Весна Николовска и Марија Ковачева

Бранителот на титулата во Лигата на шампионите, Ѓер, прв се пласираше во финалето на Ф4 во Будимпешта, откако во првото полуфинале со 26:20 (12:10) го елиминираше романскиот првак ЧСМ Букурешт.

Македонските снаи во редовите на Ѓер, Едуарда Аморим - Талеска и Ања Алтхаус сега ќе го чекаат победникот во дуелот Ростов Дон - Вардар, за да знаат против кој ќе се борат за влез во историјата како прв тим, кој успеал да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите на Ф4 во Будимпешта, а воедно и да дојде до четвртиот елитен пехар.

Ѓер влезе самоуверено во мечот со серија од 3-0, а потоа имаше водство до самиот финиш на полувремето, 12:10.

ЧСМ Букурешт имаше обид да се врати во игра на средината на второто полувреме кога изедначи со 16:16, но Ѓер возврати со серија од 5-1 (21:17), притоа беше запрен и еден удар на романките од седум метри, па се во продолжението беше во знакот на Унгарките.

Грот со 7 и Горбиц со 5 погодоци го предводеа составот на Амброш Мартин, додека кај ЧСМ Букурешт, Неагу со 6 гола беше прв стрелец.

Најново во Ракомет