Вардар се спрема во Крањска Гора

Малку „физика", малку „тактика"... (ФОТО)

По еднонеделно тренирање во Скопје, ракометарите на европскиот првак Вардар се преселија во Словенија, односно дојдоа во Крањска Гора, каде с еодработува оној ударен дел од подготовките.

објавено: 9 август 2017 - 13:20

Малку „физика", малку „тактика"...

Во еден таков стил ги одработуваат подготовките за новата сезона ракометарите и стручниот штаб на Вардар.
Откако една недела тренираа во Скопје, „црвено-црните" се преселија во Словенија, поточно во Крањска гора на оние таканаречени „висински подготовки".


Таму „војсководецот" Раул Гонзалез поведе вкупно 20 ракометари (меѓу нив и неколку нови имиња) кои деновиве вредно работат во обид да се дојде до посакуваното нино на формата потребно за онаа следна фаза од подготовките, планирана за втората половина од овој месец.


Екипата останува во Словенија до 11. август кога се заминува за Германија и таму ќе го имаат првиот пријателски натпревар, против тимот на Бергишер.


Следниот ден европскиот првак ќе игра на турнир на Гумерзбах.
Во полуфиналето ќе се сретнат со Рајн Некар (од 17 часот), а следниот ден, во зависност од исходот на тој меч е натпреварот за пласман.


На крајот од август, од 24 до 29 август, „вардарците" ќе бидат во Катар каде ќе бидат дел од „Супер Глоуб", неофицијалното ракометно клупско СП.

 

Најново во Ракомет