ДВАЈЦАТА РАКОМЕТАРИ ЧЕКААТ САМО ДОЗВОЛА ОД РАУЛ ГОНЗАЛЕЗ

Марсениќ има четири „конци“, но заедно со повредениот Циндриќ, подготвени се да „гинат“

Двајцата повредени ракометари во таборот на Вардар, Мијајло Марсениќ и Лука Циндриќ најавуваат дека се подготвени да му помогнат на својот тим на гостувањето кај Висла Плоцк во рамките на првото коло во Лигата на шампиони.  

објавено: 15 септември 2017 - 15:00

Двајцата повредени ракометари во таборот на Вардар, Мијајло Марсениќ и Лука Циндриќ најавуваат дека се подготвени да му помогнат на својот тим на гостувањето кај Висла Плоцк во рамките на првото коло во Лигата на шампиони.

Кружниот напаѓач заработи четири конци (три на надвор и еден внатре) по расекотината на усната на Супер купот против Еурофарм Работник.

„Одлично се чувствувам, можам да играм ако е потребно, ако Раул ми даде шанса. Имам четири конци, но не е ништо страшно", коментира Мијајло Марсениќ.

Бекот е во завршна фаза на рехабилитацијата на повредата (поткинат мускул на задна ложа на левата нога) која ја заработи на ИХФ Супер Глоуб во Катар.

„Се е супер, немам никаков проблем веќе. Се надевам дека ќе играм, односно ако Раул дозволи", вели бекот.

Нов момент е проблемот кој Страхиња Милиќ го има со грбот, па тој вчера одмораше. Ќе проба денеска дали ќе може да одработи тренинг и доколку не чувствува болка ќе биде во комбинација.

 

Најново во Ракомет