Квалитетите на македонскиот тим утре ќе бидат на тест

Марсениќ: Најтежок меч за нас сезонава

„Ова сигурно ќе биде најтежок меч за нас сезонава. Знаеме против кого играме и мораме на терен да бидеме агресивни и умни за да победиме" изјави пивотменот

објавено: 17 февруари 2017 - 17:00

Македонскиот првак Вардар денеска се упати кон Унгарија каде што утре ќе се соочи против Пик Сегед во можеби и најважниот меч сезонава. Победата е единствената опција за нашиот тим кој со нови два бода ќе остане на лидерското место во групата Б и со тоа ќе продолжи на сигурниот пат кој води директно кон четвртфиналето.

„Ова сигурно ќе биде најтежок меч сезонава. Знам против кого играме, против екипа со врвен тренер. Тој знае сѐ за нас, но и ние за нив. Не очекува силен меч, мораме да играме агресивно и умно, во напад да не грешиме, да ја користиме секоја шанса што ќе ја добиеме. Може да се победи таму. Лани можеби победивме и полесно од оечкувањата, сега сигурно ќе биде потешко. Но ако одиграме онака како што од нас се очекува тогаш можеме повторно да победиме" истакна Марсениќ.

Мечот меѓу Пик Сегед и Вардар се игра со почеток од 17:30 часот. „Црвено-црните" се лидери со 14 бодови, колку што има и Келце. Но, поради подобар меѓусебен скор и подобра гол разлика, нашиот тим е лидер. Зад нив веднаш следува Пик Сегед кој е само на минус еден бод.

 

Најново во Ракомет