Многу несериозни работи во случајот Немања Обрадовиќ:

Металург бара 50 илјади евра, а Висла (по) нуди само 10.000 евра!

Случајот кој полека се заканува да прерасне во ракометна трансфер „сапуница" продолжува...

објавено: 18 август 2017 - 16:30

Во центарот на „акцијата" е Немања Обрадовиќ, поставен помеѓу барањата на неговиот актуелен клуб Металург, и другиот Висла Плоцк која сака да се пресели кај нив.

И откако по неколку месеци игнорирање, по препораката на ЕХФ, Висла конечно реши да преговара со Металург, следеше нов шок во Автокоманда.
Раководството на полскиот клуб дава само една петтина од она што „металурзите" го побараа уште на почетокот на преговорите.
Поточно, Висла Плоцк му понуди на Металург само 10.000 евра отштета!
Сума далеку од реалната, и од онаа што Металург вложил во изградбата на Обрадовиќ во изминатиот период, и за што бара 50.000 евра.
Па оттука можеби ЕХФ навистина ќе треба да го реши спорот што го водат Металург и Висла Плоцк за трансферот на српскиот интернационалец.
На крајот може да се случи Обрадовиќ и следната сезона да ја игра во Металург, или пак да биде суспендиран...

Најново во Ракомет