КАКВА РУТА ЌЕ НАПРАВИ ТИМОТ ОД АВТОКОМАНДА

Металург ќе мине 4.500 километри за да одигра два меча

Металург денеска рано наутро замина на мини-турнеја во Белорусија и во Турција, каде ќе одигра два натпревари, најпрво со Мешков Брест во СЕХА-лигата, а потоа и со Бешикташ во Лигата на шампионите.

објавено: 14 ноември 2017 - 14:35

Металург денеска рано наутро замина на мини-турнеја во Белорусија и во Турција, каде ќе одигра два натпревари, најпрво со Мешков Брест во СЕХА-лигата, а потоа и со Бешикташ во Лигата на шампионите.

Ракометарите на тимот од Автокоманда за да ги одиграат овие два меча ќе минат вкупно 4.500 километри. Металург од Скопје со авион тргна кон Љубљана, а потоа продолжи за Варшава, каде пристигна околу 8.30 часот. Во моментов тимот патува со автобус кон Брест.

Средбата со Мешков Брест е во рамките на 7. коло на СЕХА-лигата се игра утре, со почеток во 17.45 часот по македонско време. 

Веќе на 16. ноември, Металург со автобус ќе отпатува за Минск, а од таму ќе летне за Истанбул, каде ќе пристигне околу 10.30 часот. На 18 ноември во Измит, гратче оддалечено 90 км од Истанбул, Металург ќе ја одигра средбата со Бешикташ. Овој натпревар е во рамките на 8. коло на Лигата на шампионите и е закажан со почеток во 16 часот.

 

Најново во Ракомет