ОТСУСТВОТО ПРОДОЛЖЕНО, НЕ Е САМО ППД ЗАГРЕБ

Металург ќе тера без Червар цел месец, Хрватот здравје ќе се врати во ноември

Она што се очекуваше, полека се реализира. Иако Металург му е во „срцето" и Скопје ќе го напушти само ако го избркаат, сепак Лино Червар тимот од Автокоманда го стави во втор план.

објавено: 2 октомври 2017 - 13:51

Она што се очекуваше, полека се реализира. Иако Металург му е во „срцето“ и Скопје ќе го напушти само ако го избркаат, сепак Лино Червар тимот од Автокоманда го стави во втор план. 

Лино не само што ќе го пропушти утрешниот меч против ППД Загреб во СЕХА-лигата (како што беше најавено), тој нема да биде на „кормилото" и за Мотор и Чековски Медведи во Лигата на шампионите и Горење во регионалното натпреварување.

Поради обврски кон хрватската репрезентација, Металург овој месец нема да може да смета на услугите на искусниот стратег, здравје тој ќе се приклучи дури во ноември по завршувањето на ЕХФ-неделата. Во овој период Червар ќе ги собере „коцкестите“ и ќе одигра два пријателски натпревари против Словенија во рамките на подготовките за Европското првенство следната година, чиј домаќин е токму Хрватска.

Оттука се наметнува прашањето дали воопшто Червар ќе има време за Металург?

Европското првенство се игра во јануари, а самиот факт дека Хрватска е домаќин, тамошната јавност и сојуз од него бараат медал и максимална посветеност.

 

 

 

 

  

 

 

 

Најново во Ракомет