ПОЗНАТ И СОСТАВОТ ПРОТИВ МОНПЕЉЕ

Металург летна за Франција (ФОТО-ВЕСТ)

Вториот македонски претставник во Лигата на шампионите, рано изутрина замина за Монпеље каде во сабота ја отвара новата сезона. По последниот тренинг синоќа Лино Червар одлучи за Монпеље да не патуваат голманот Никола Даниловски и крилото Мице Шилегов, додека Марио Танкоски ќе биде дел од тимот на местото на Филип Арсеновски. 

објавено: 14 септември 2017 - 08:25

Вториот македонски претставник во Лигата на шампионите, рано изутрина замина за Монпеље каде во сабота ја отвара новата сезона. По последниот тренинг синоќа Лино Червар одлучи за Монпеље да не патуваат голманот Никола Даниловски и крилото Мице Шилегов, додека Марио Танкоски ќе биде дел од тимот на местото на Филип Арсеновски.

Жарко Пешевски по дуелот со Нексе во СЕХА лигата се пожалил на болка во бутниот мускул (по еден непријатен удар со колено од противнички играч). Проблемот се третира, а лекарскиот тим на Металург прави се пикерот да биде подготвен за дуелот в сабота и Лино Червар да го има на располагање.

Најново во Ракомет