ЗА ПОТРЕБИТЕ НА „ЕХФ НЕДЕЛАТА" И СРПСКАТА СЕЛЕКЦИЈА

Милиќ и Марсениќ ќе летаат со „орлите"

Селекторот Јовица Цветковиќ ги планира двајцата вардарови ракометари за двомечот со Австрија во онаа последна недела од месецот...

објавено: 11 октомври 2017 - 21:31

Страхиња Милиќ и Мијајло Марсениќ се дел од националниот тим на Србија планиран за неделата на ЕХФ, инаку последната од овој месец.

Двоецот на европскиот шампион Вардар се најде на списокот на 22 ракометари кој го состави селекторот на „орлите" Јовица Цветковиќ, на кои ќе смета за претстојната репрезентативна акција.


Според најавите на легендарниот српски ракометар, Милиќ ќе биде во улога на прв голман на двете планирани контроли, и тоа против селекцијата на Австрија.
Србите ќе се соберат на 20. октомври во Ковилово каде ќе работат пет дена. На 26 октомври им следува гостување во Тулн, а два дена подоцна и во Зудштад – противникто е ист – Австрија.

 

Најново во Ракомет