ПОВРЕДАТА НА ПИКЕРОТ НЕ Е СЕРИОЗНА

Мораес е крајно разочаран: Ма каква операција, се пишуваат невистини информации, се враќам посилен

Повредата на Рожерио Мораес не е толку сериозна, како што овие денови беше пласирано низ медиумите. Пикерот на Вардар нема да оди на операција, тој за „Спортмедиа“ изјави дека најверојатно ќе се врати во тимот за дуелот со Кристијанштад.  

објавено: 26 ноември 2017 - 16:30

Рожерио Мораес сепак ќе го видиме во дресот на Вардар до крајот на оваа година. Пикерот на европскиот првак за „Спортмедиа“ ја објасни неговата ситуација. Повредата не е сериозна и тој нема да прави операција на менискусот. 

„Во понеделник имам закажно нов преглед, станува збор обична контрола. Состојбата на моето колено е многу подобра. Можам да се движам нормално и да трчам. Но, лекарите ме советуваа дека мора да одморам и да одам на физиотерапија, за да бидам максимално подготвен. Во среда се враќам на тренинзи и се надевам дека ќе бидам во составот за Кристијанштад“, изјави за „Спортмедиа“, Мораес, кој во продолжение вели:

 

„Повредата не е сериозна, имав мал хематом на менискусот и мало истегнување на ’рскавицата. Силен сум и ќе бидам добар без да правам операција. Морам да кажам дека сум маскимално разочаран од лажните вести кои се пишуваа овие денови дека ќе правам операција“, заврши Бразилецот.

Покрај Мораес во составот на Вардар за мечот со Рајн Некар во составот нема да биде ниту Хорхе Македа.

 

 

Најново во Ракомет