ПОВРЕДАТА НА БРАЗИЛЕЦОТ Е СЕРИОЗНА

Мораес тешко за Манхајм, Циндриќ можеби

„Мораес има сериозна повреда и затоа не настапти против Рајн Некар. Тој направи преглед, но уште немаме прецизна дијагноза колку време ќе му треба за да се врати на терен“, рече Гонзалез. 

објавено: 19 ноември 2017 - 10:50

Големиот борец, Рожерио Мораес нема среќа оваа сезона. Само што се врати на теренот, вардаровиот пикер на еден од последните тренинзи пред дуелот со Рајн Некар повторно се повреди. И овој пат ситуацијата е сериозна, па речиси со сигурност ќе го пропушти и вториот меч со германскиот тим, кој се игра викендов во Манхајм.

„Мораес има сериозна повреда и затоа не настапти против Рајн Некар. Тој направи преглед, но уште немаме прецизна дијагноза колку време ќе му треба за да се врати на терен. Според првичните информации сигурно нема да игра“, објасни Раул Гонзалез.

Лука Циндриќ е вториот ракометар на Вардар кој е надвор од стројот. Иако се чуствува подобро, бекот и натаму е неизвесен.

„Што се однесува до Циндриќ тој и понатаму е со повреда, но се чувствува подобро. Не тренираше неколку недели, па останува да видиме како ќе се чувствува оваа седмица. Засега е на списокот на неизвесни и докторите ќе одлучат дали ќе биде подготвен за средбата во Манхајм".

 

 

Најново во Ракомет