ВИЦЕПРВАКОТ ПОЧНУВА КАЈ ГОЛЕМИОТ ФАВОРИТ

На 16 септември: Металург-Монпелје

Тимот од Автокоманда на средината од следниот месец ќе ја стартува новата авантура во ЛШ

објавено: 9 август 2017 - 17:30

Македонскиот вицепрвак Металург третпат ќе игра во Лигата на шампионите со вајлд карта откако Европската ракометна федерација го смести во послабите групи, Ц и Д.

Тимот од Автокоманда е во група со големиот фаворит Монпелје, незгодните Мотор Запорожје и Чеховски Медведи, турскиот шампион Бешикташ, како и победникот на квалификациската група, каде што најголем фаворит е португалскиот првак Спортинг Лисабон.
ЕХФ, во договор со клубовите и со ТВ-куќите кои ќе вршат преноси, ги одреди термините, односно саатниците за првите пет кола од групната фаза во најквалитетното европско клупско натпреварување. Тимот од Автокоманда ќе има тешка задача на стартот и ќе ја започне новата кампања со гостување во Франција, кај Монпелје. Потоа следуваат два домашни дуела против Бешикташ и квалификантот, пред двете врзани гостувања во Русија и во Украина.

Металург сезонава ќе се обиде да го подобри резултатот од претходните две сезони и да се пласира во 1/16-финалето од Лигата на шампионите.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

1. коло, 16 септември
17:30 Монпелје – Металург
2. коло, 24 септември
17:30 Металург – Бешикташ
3. коло, 30 септември
17:30 Металург – квалификант
4. коло, 8 октомври
15:00 Мотор – Металург
5. коло, 14 октомври
15:00 Чеховски Медведи – Металург

Најново во Ракомет