ПРВА ГОСТИНСКА ПОБЕДА ЗА ТИМОТ ОД АВТОКОМАНДА

На Металург не му треба Лино, и без него игра фино: „Мечките“ фатени во мрежата на Томовски

Металург ја забележа втората победа во Лигата на шампионите, откако на гостувањето кај Чеховски Медведи славеше со 26-32 (15-15) во рамките на петото коло. Херој на мечот е Мартин Томовски, кој беше главниот „виновник“ за одличното второ полувреме на македонскиот тим. 

објавено: 14 октомври 2017 - 16:20

На Металург му тргна во Лигата на шампионите, по нерешените во Харков, дојде и првата победа на гостински терен, вкупно втора во елитното натпреварување. Тимот од Автокоманда на гостувањето кај Чеховски Медведи славеше со 26-32 (15-15) благодарение на одличниот Мартин Томовски.

Репрезентативниот голман беше маестрален, токму од неговите одбрани „металурзите" во второто полувреме започнаа да ја градат победничката серија. Беше 19-17во 35. минута, Томовски одбрани седмерец, по што Металург направи серија од 6-0 за водство од 19-23 во 44. минута. Во 50. минута, македонскиот тим со голот на Танковски дојде на плус пет 21-26 и патот кон победата беше широко отворен. За разлика од претходната средба, овој пат ракометарите на Металург успеаја да го сочуваат водството и да се изадуваат на првите два гостински бода. На пет минути до крајот триумфот го најави Серафимов, од седум метри погодци за нови плус пет 23-28. 

Во првото полувреме мечот го отвори Јаганац, кој во воведните минути беше најрасположен го одржуваше водството на својот тим од еден гол се до 15. минута. Кога Чеховски поведоа со 8-7 со голот на Санталов. Домашниот тим до пред крајот на овој дел го диктираше темпото (11-9, 14-12), но токму повторно благодарение на Томовски на полувремето замина со 15-15. Во овој дел избраниците на Александар Јовиќ одиграа многу подобро и во одбраната и во нападот.

Јаганац со девет гола од девет обиди беше најефикасен, три погодоци помалку имаше Пешевски. На крајот ТоМовски, кој не го почна мечот, имаше 11 интервенции. 

Најново во Ракомет