НЕМА ИЗГОВОРИ

На ред се навивачите: Вардарци заслужуваат полна сала против Рајн Некар

Ракометарите на македонскиот првак од Веспрем испратија порака до фановите, секоја минута посветена на нив и тоа како вреди. 

објавено: 29 септември 2018 - 20:42

Вардар реди победи на стартот на Лигата на шампионите. За жал две од нив повеќето фанови не ги видоа поради проблемот со тв-преносот, односно поради одлуката на МРТВ од оваа сезона да не ги пренесува мечевите од ЛШ. 

Првиот триумф на македонскиот првак на домашен терен навивачите имаа шанса да го видат, но ете од некоја причина не дојдоа во СЦ „Јане Сандански“, против Кристијанштад на трибините имаше едвај 2.000 навивачи, бројка која не се памети долго време, барем кога станува збор за дуелите од Лигата на шампиони.

Вечерва ракометарите од Веспрем испратија порака до сите љубители на овој спорт, секоја минута посветена на нив и тоа како вреди. Одиграа храбро, шампионски против унгарскиот првак и тоа на жешкиот терен на кој и во оној состав од златната генерација никако не успеваа да победат.

По една ваква партија време е за будење, Вардар заслужува полна сала против Рајн Некар во следното коло. Билетите се во продажба....

 

Најново во Ракомет