ПРВИОТ ДОМАШЕН ТЕРЕН ВО ЛШ ЗАСЛУЖУВА ПОЛНИ ТРИБИНИ

На Вардар ќе му се исполни желбата: Вулканот „Јане Сандански“ речиси распродаден

Атмосферата во која „црвено-црните" уживаа во изминатите години секогаш беше клучна за големите победи и секако пласманот на „Фајнл-форот" во Келн. Токму затоа Раул Гонзалез и неговите избраници испратија апел до сите фанови, да дојдат во што поголем број.

објавено: 22 септември 2017 - 14:30

Екипата на Вардар ги доработува последните подготовките пред утрешниот дуел против Нант во рамките на второто коло во Лигата на шампионите, кој е прв на домашен терен оваа сезона во ова натпреварување. Ракометарите на европскиот првак имаат само една желба - Вулканот „Јане Сандански“ да биде исполнет до последното место. Вардарци кои зад себе имаат серија од пет победи во низа, четири во СЕХА и една во ЛШ, заслужија да играат пред полни трибини.

Атмосферата во која „црвено-црните“ уживаа во изминатите години секогаш беше клучна за големите победи и секако пласманот на „Фајнл-форот“ во Келн. Токму затоа Раул Гонзалез и неговите избраници испратија апел до сите фанови, да дојдат во што поголем број. Спортскиот центар „Јане Сандански“ минатата сезона неколку пати се најде на Топ-5 листата на сали со најжешка атмосфера, нешто што се очекува да биде и оваа година.

Според информациите до кои што дојде „Спортмедиа“ билетите речиси се распродадени, останаа уште 1.000 карти за седење и помалку од 800 на стоење. 

Натпреварот со Нант е закажан со почеток 17:30 часот, цената на билетите за овој натпревар е 350 денари за трибина и 150 денари за стоење.

 

Најново во Ракомет