„Вардарки" во планински амбиент

На Златибор се работи напорно (ФОТО)

Нема одмор за ракометарките на европскиот вицешампион...

објавено: 8 август 2017 - 14:30

На нешто пониски температури од скопските, и во еден сосема поинаков, планински продолжија со подготовките ракометарките на Вардар.

На Златибор веќе неколку дена се работи напорно. Се полнат батериите, се собира енегрија за претстојната сезона.

Се работи и во сала, но и во онаа за кревање на товар, што е уште поголема потешкотија за девојките во „црвено-црна-комбинација", кои пак тоа го поднесуваaт на едeн вистински професионалне начин, за што сведочат и фотографиите направени во Златибор.


Од клубот и информацијата дека почна онаа регуларна продажба на сезонски билети. Па во следните три недели ќе трае регуларната продажба на сезонски билети за натпреварите на РК Вардар. Билетите може да се купат он лајн на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански".
Откако заврши приоритетната продажба на сезонските билети, сите слободни места се пуштаат во продажба. Нема ограничување од околу местата, и сите слободни места се расположливи за избирање. Регуларната продажба на сезонски билети ќе трае до 20 август.

Најново во Ракомет