ДУЕЛОТ МЕЃУ ШАМПИОНОТ И „ЛАВОВИТЕ“ Е ДЕРБИ НА КОЛОТО

Најава за нова „ерупција“: Вардар ги пушти во продажба билетие за Рајн Некар

Натпреварот меѓу Вардар и Рајн Некар во рамките од групната фаза од лигата на шампионите е закажан за 18 ноември, влезниците за овој дуел се продаваат по цена од 350 и 150 денари.

објавено: 27 октомври 2017 - 12:00

Од таборот на Вардар одлучија влезниците за дуелот со Рајн Некар, кој е прогласен за деби на осмото коло во Лигата на шампионите да ги пушти порано, со цел фановите навреме да купат билети. Натпреварот меѓу европскиот и македонски првак и германскиот тим е закажан за 18 ноември, цената на картите останува иста (350 денари - трибина и 150 денари - стоење).

Вардар пред дербито со Рајн Некар има две гостувања, едно во Шведска кај Кристијанштад (4 ноември), и потоа во Хрватска кај ППД Загреб (11 ноември).

Европскиот првак Вардар серија од десет натпревари без пораз, што почна лани со последниот меч од групната фаза токму со Кристијанштад. Потоа следуваа два триумфи во четврт-финалето, два на Ф4 во Келн и уште три во новата сезона.

Најново во Ракомет