ФРАНЦУСКИОТ ТИМ СТИГНА ДО 10. ТРИУМФ

Нант во победничка атмосфера го пречекува Вардар

По поразот од Загреб во Лигата на шампионите, Нант на гостувањето кај Саран славеше со убедливи 39-30 во рамките на 15. коло во францускиот шампионат. 

објавено: 21 февруари 2018 - 21:30

По поразот од ППД Загреб во Лигата на шампионите, Нант се врати на победничките патеки, пред важниот дуел со Вардар во елитното натпреварување. Францускиот тим кој и натаму е без услугите на капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров на гостувањето кај Саран славеше со 39-30 во рамките на 15. коло во тамошниот шампионат.

Домаќинот беше подобар во првиот дел, во кој имаше позитива од 18-17, во продолжение Нант заигра многу подобро, на крајот ја запиша 11. победа во француското првенство. Најефикасен во редовите на гостите беше Давид Балагер со 13 погодоци од 15 обиди. 

Натпреварот меѓу Нант и Вардар е закажан во недела со почеток во 17 часот, со триумф на овој меч европскиот и македонски првак ќе го соигура директниот пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите. 

Најново во Ракомет