АРПАД ШТЕРБИК ЌЕ ГО ГЛЕДАМЕ УШТЕ МАЛКУ „ВО ЖИВО"

Навистина е убаво да се видат толку деца во публиката, можеби некои од нив се поради нас...

„Во Македoнија сите сакаат да тренираат ракомет. Кај Кирил Лазаров нема место на кампот, тоа е општа навалица. Среќен сум што и некои од тие деца се можеби заради нас кои сме во клубот во последните три-четири години, и избраа да тренираат токму ракомет" - порачува неверојатниот голман.

објавено: 12 март 2018 - 12:17

Ова лето, после четири сезони во кои клубот се дигна до европските ракометни висини, Арпад Штербик ќе го напушти Вардар.

Следната станица, можеби и последна во неговата кариера ќе биде унгарскиот Веспрем, за кој веќе бранеше во периодот од 2001 до 2004 година.
И „Арпад велики" вели дека и во Скопје и во цела Македонија публиката знае што е добар ракомет, дека го препознаваат тоа и дека се среќни поради тоа...

„Луѓето во Македонија сакаат ракомет. Го сакаа и пред Сергеј Самсоненко да го превземе Вардар и застана на чело на амбициозниот проект. И машкиот и женскиот клуб ги подигна на врвно ниво, и луѓето тоа знаат да го ценат. Среќни се и задоволни што во својот град и во својата држава имаат две такви екипи.
Навистина е убаво да се видат оние деца во публиката. Сите сакаат да тренираат ракомет.
Кај Кирил Лазаров нема место на кампот, тоа е општа навалица. Среќен сум што и некои од тие деца се можеби заради нас кои сме во клубот во последните три-четири години, и избраа да тренираат токму ракомет" - порачува неверојатниот голман пред финалето на оваа сезоан, за жал последна која ќе го гледаме како прв голман на европскиот првак.

Најново во Ракомет