СЕКОЈ НА СЕКОГО МУ ПОМАГА

Не е ни чудо што Вардар е најуспешен македонски спортски бренд

Ирина Дибирова во пресрет на новата сезона доби засилување во стручниот штаб и тоа не било какво. Заедно со Роберто Гарсија Парондо ќе се обидат да го постигнат успехот на машкиот ракометен тим, да ја освојат Лигата на шампионите. Тренерот на Вардарки вели дека една од големите предности е што добива помош од Раул Гонзалез и Давид Дејвис. 

објавено: 12 септември 2017 - 12:35

Ирина Дибирова во пресрет на новата сезона доби засилување во стручниот штаб и тоа не било какво. Заедно со Роберто Гарсија Парондо ќе се обидат да го постигнат успехот на машкиот ракометен тим, да ја освојат Лигата на шампионите. Тренерот на Вардарки вели дека една од големите предности е што добива помош од Раул Гонзалез и Давид Дејвис. „Црвено-црните“ се едни од ретките клубови во кои сите функционираат како едно големо семејство и меѓусебно си помагаат, токму ова е една од главните причини поради која Вардар засега е најуспешен спортски брен во Македонија, но и Европа.

„Доаѓањето на Парондо е голема помош и поддршка за мене. Заедно работиме сè, анализа, тренинзи, тактика... Секој ден учиме по нешто ново, едни од други и голема предност е што и Раул и Давид соработуваат со нас, па сите заедно се надоградуваме", задоволно констатира Дибирова.

ЖРК Вардар утре во Подгорица настапи на првиот турнир во рамките на регионалното натпреварување. 

Најново во Ракомет