ГЛАСАЈТЕ ЗА ВАРДАРОВОТО ЛЕВО КРИЛО

Не успеа Милосављев, нека биде Дибиров

Тимур Дибиров се најде во идеалниот состав за третото коло во Лигата на шампионите. 

објавено: 2 октомври 2018 - 11:30

Вардар со три победи ја почна новата сезона во Лигата на шампионите, последен на „менито“ беше Веспрем и тоа на гостински терен. По едно коло пауза во номинациите на ЕХФТВ одново се најде играч на македонскиот тим. Тимур Дибиров кој е најдоброто лево крило за третото коло може да биде прогласен за МВП.

 

На стартот во идеалниот состав се најде Дејан Милосављев, но не доби доволно гласови за д абиде прогласен за најдобар игра на колото, сега тоа може да му успее на рускиот репрезентативец, но секако со помош на фановите. За левото крило на Вардар може да гласате на овој ЛИНК. 

Најново во Ракомет