ДУЕЛОТ ВО ЛШ Е ЗАКАЖАН ЗА 6. ОКТОМВРИ ВО СЦ „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

НЕКА БИДЕ ПЕКОЛ ЗА „ЛАВОВИТЕ“: Во продажба билетите за Вардар-Рајн Некар!

Од денеска во продажба се пуштаат билетите за првиот домашен натпревар на Вардар во лигата на шампионите, против Рајн Некар. Дуелот е закажан за 6 октомври во СЦ „Јане Сандански".

објавено: 27 септември 2018 - 16:15

Во продажба се пуштени поединечни билети за трибините и А блоковите. Имателите на сезонски билети истите ќе може да ги искористат за сите натпревари во лигата на шампионите и во СЕХА лигата, и домашното првенство.

Цената на поединечните билети за дуелот со Рајн Некар се:
* 350 денари за местата на трибина
* 400 денари за А блоковите

Билетите може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" секој работен ден од 10 до 18 часот, и он лајн на www.ticketplus.mk

Со секој купен билет за натпреварот Вардар - Рајн Некар ќе добиете и бесплатен билет за мечот од СЕХА лигата меѓу Вардар и Војводина што се игра во вторник во Скопје во 17,15 часот.

На полувреме од натпреварот од СЕХА лигата меѓу Вардар и Војводина исто така ќе има бројни изненадувања за посетителите во салата.

Најново во Ракомет