ЕХФ НАЈАВУВА ПРОМЕНИ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Нема веќе привилегии, по едно место за сите

Одлука која оди на „штета" на земји како Германија, Шпанија и Франција, кои досега имаа по два или три претставници во елитата...

објавено: 18 март 2018 - 12:55

Нови промени во Лигата на шампионите најавува ЕХФ и тоа на година дена пред воведување на новиот формат во најсилното европско клупско натпреварување.

Според последните информации, од сезоната 2019/2020 секоја земја ќе има по еден директен претставник во Лигата на шампионите, како во машка, така и во женска конкуренција.

Тоа би требало да ги подготви Федерациите за промената на форматот во Лигата на шампионите која е најавена за година дена подоцна, односно од сезоната 2020/2021, кога наместо (како досега во А и Б групите) 16 екипи, ќе има 12 тима.


Ваквата одлука во прв план е „удар" за Германија, Шпанија и Франција, кои досега имаа по двајца или тројца претставници во елитата.
А, се чини дека токму Германија е главниот виновник за ваквата одлука на ЕХФ (чии Извршен одбор имаше состанок викендов во Виена).

Бундеслигашките клубови кои се дел од Лигата на шампионите имаат константни проблеми со пренабиеност на распоредот со натпревари, или, пак како во последниот случај со РНЛ, клубот во еден ден има натпревар со Кил од Бундеслигата и треба да одигра осминафинален дуел со Келце во Лигата на шампионите.

НЕМА ПРОМЕНИ ЗА ВАЈЛД-КАРТА
Утешителен момент е што ЕХФ не најавува промени кога станува збор за аплицирање за вајлд-карта. Тоа би значело дека екипи од врвот на табелата во Лигите ќе имаат право да бараат влез во најсилното европско клупско натпреварување, односно ова отвора простор одново една земја да има по (најмалку) двајца претставници.

Најново во Ракомет