СПОРЕД УНГАРЦИТЕ ГОЛМАНИТЕ ЌЕ ГО ОДЛУЧАТ ПОБЕДНИКОТ

Несекојдневно: Со карикатура на Штербик го најавија мечот

Во Сегед атмосферата полека се загрева за денешниот натпревар против Вардар во рамките на четвртото коло во Лигата на шампиони. Изминатите неколку дена низ медиумите излегоа бројни анализи и написи за европскиот првак. Впечаток ни остави најавата на еден унгарски портал, кој наместо обична фотографија, Арпад Штербик го претстави со карикатура.    

објавено: 7 октомври 2017 - 15:00

Според овој медиум голманите на двете екипи ќе бидат клучни за победникот на овој дуел. 

„Арпат Штербик е еден од најдобрите голмани во светот. Иако во ноември ќе наполни 38 години, тој и натаму пружи одлични партии“, се дел од комплиментите кои унгарските новинари ги пишаа за Штербик, кој пак има иаскуство во тамошното првенство, од 2001 до 2004 година го носеше дресот на Веспрем.

Најново во Ракомет