НОВ КИКС НА ФРАНЦУСКИОТ ТИМ

Ни „Ш“ од шампион: Келце го суреди Монпелје на гости

Ново бледо издание на бранителот на титулата во ЛШ. Келце ја продлабочи кризата во редовите на Монпелје на гостински терен го совлада со 29-26

објавено: 30 септември 2018 - 20:35

Ново бледо издание на бранителот на титулата во ЛШ. Келце ја продлабочи кризата во редовите на Монпелје на гостински терен го совлада со 29-26. За францускиот тим ова е трети пораз во низа во сезоната во која е актуелен првак.

Дека нешто не е во ред, потврди и полскиот тим, беше подобар противник во речиси целиот меч, на полувремето имаше позитива од еден гол (12-13), а по одморот без проблем чекореше кон триумфот. 

Во центарот на вниманието беше Алекс Душебаев, кој постигна десет гола од 11 обиди. Екс-вардарецот Лука Циндриќ на овој меч имаше само два погодоци од дури осум обиди. 

По третото коло Монпелје заедно со Кристијанштад се на дното во групата А, во која лидерското место е резервирано за Вардар. Зад македонскиот тим се Барселона, Рајн Некар, Келце и Барселона со четири бода, Веспрем е на шестото место со два бода.

 

Најново во Ракомет