„ЈАНЕ САНДАНСКИ“ НА НОЗЕ ЗА ЕКС-ДЕФАНЗИВЕЦОТ НА ВАРДАР

Никој не добил вакви овации, тоа го може само Илија Војвода (ВИДЕО)

По седум години минати во дресот на Вардар, Илија Абутовиќ одлучи да ја промени средината. Од оваа сезона тој е играч на Рајн Некар, иако е повреден сепак ќе биде на клупата на германскиот тим. За време на официјалното претставување на играчите на двете екипи, Абутовиќ беше поздравен со овации. Дефанзивецот долго време беше столб на одбраната на македонскиот шампион, а публиката тоа не го заборава. Пред мечот Стојанче Столов му подари дрес на Абутовиќ во знак на благодарност, кој пак се расплака. 

објавено: 6 октомври 2018 - 17:32

Најново во Ракомет