СЕ ВРАЌА ЛУКА ЦИНДРИЌ, НО ГО НЕМА ШПАНЕЦОТ

Нов хендикеп за Вардар: И Македа не отпатува во Манхајм

Рожерио Мораес не е единствениот ракометар, кој нема да биде во составот на европскиот првак на денешниот дуел со Рајн Некар. Тренерот, Раул Гонзалез во Манхајм нема да може да смета на услугите на Хорхе Македа. 

објавено: 26 ноември 2017 - 12:58

Нов проблем за Вардар. На листата на повредени играчи покрај Рожерио Мораес се најде и Хорхе Македа. Десниот бек поради болки во пределот на ребрата, а по препорака на докторите мораше да остане во Скопје, па товарот на оваа позиција целосно ќе падне врз Кристопанс.

Што се однесува до Мораес кај него ситуацијата е многу посложена. Пикерот нема да го видиме на теренот до крајот на оваа година, повредата на коленото е посериозна. На претходниот меч, отсуството на Мораес добро го надополнија Мијајло Марсениќ и Стоилов. 

Во составот на Вардар се враќа Лука Циндриќ, кој исто поради проблем со коленото пропушти три меча. Организаторот на играта по завршувањето на ЕХФ-неделата беше надвор од стројот, иако пред дуелот против Рајн Некар во Скопје се чувствуваше добро, сепак Гонзалез не сакаше да ризикува и одлучи да го поштеди. 

Натпреварот меѓу германскиот тим и Вардар се игра со почеток во 19 часот. Победа за европскиот првак значи зацврстување на првото место во групата и обезбедување на место во 1/4 финалето во Лигата на шампионите.

 

 

Најново во Ракомет