УБЕДЛИВ ТРИУМФ НА „ЛАВОВИТЕ“ КАЈ КРИСТИЈАНШТАД

Нова перфекција од Талески, Рајн Некар без милост

Рајн Некар ја забележа втората победа во Лигата на шампионите, откако на гостувањето кај Кристијанштад славеше со убедливи 22-35. Македонскиот репрезентативец максимално ја искористи шансата, мечот го заврши три погодоци од исто толку обиди.

објавено: 7 октомври 2017 - 18:59

Моќно издание на Рајн Некар во рамките на четвртото коло во Лигата на шампионите. „Лавовите“ за кого настапува македонскиот репрезентативец, Филип Талески на гостувањето кај Кристијанштад славеа со 22-35 за втора победа во новата сезона.

Дека ова ќе бидат лесни два бода за Рајн Некар беше познато по првото полувреме, германскиот тим имаше позитива од шест гола 12-18. Талески максимално ја искористи својата шанса, средбата ја заврши со три гола од исто толку обиди и сите ги постигна во второто полувеме.

Од група А, во моментов се игра мечот меѓу Пик Сегед и Вардар, а за вечерва е закажано македонското дерби меѓу Барселона за кого настапува Борко Ристовски и Нант на Кире Лазаров.

Најново во Ракомет