ПРЕД ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОН СЕ ПСЖ И БАРСЕЛОНА

Обложувалниците не веруваат многу во ново вардарово чудо

Четири дена пред стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, обложувалниците ги објавија коефициентите за можни освојувачи на европскиот пехар. Вардар се најде на третото место, заедно со Веспрем и Келце. Фаворити за круната се ПСЖ и Барселона.  

објавено: 13 септември 2017 - 09:30

Четири дена пред стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, обложувалниците ги објавија коефициентите за можни освојувачи на европскиот пехар. Вардар се најде на третото место, заедно со Веспре, Келце и Веспрем. Фаворити за круната се ПСЖ и Барселона.

Минатата сезона вистинските поддржувачи на „црвено-црните“ можеа да заработат многу пари доколку од стартот се обложеа дека македонскиот тим ќе ја освои Лигата на шампионите. Откако избраниците на Раул Гонзалез во Келн направија сензација, коефициентот „падна“ иако не се главни фаворити. За да го повторат истиот успех истиот е осум. Според обложувалницата „Бет Сити“ иста шанса како и Вардар имаат и Веспрем и Келце.

Најголем фаворит за освојување на титулата е ПСЖ, коефицентот дека ќе биде победник е 2,4, на второто место е Барселона со коефицент 4,5. Вториот македонски претставник, Металург се најдоа во онаа група со најмалку шанси, коефицинетот е дури 999.

Што се однесува до групната фаза во која Вардар ќе игра против Барселона, Нант, Рајн Некар, Пиг Сегед, Висла Плоцк, Загреб и Кристијанштад, коефициентот дека македонскиот тим ќе ја мине е 3,2. На првото место е Барселона со 1,7.

 

Најново во Ракомет