ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ „ЛАВОВИТЕ“ ГО ОСВОИЈА „ЈАНЕ САНДАНСКИ“

Од 2016 година, Рајн Некар е единствениот тим кој во групната фаза славел во Скопје

Вардар четвртата победа во низа во Лигата на шампионите ќе ја бара денеска на домашен терен против Рајн Некар, дуелот е закажан во 17:30 часот. 

објавено: 6 октомври 2018 - 10:45

Вардар оваа сезона покажа дека е подготвен да ги менува лошите традиции и секако да им наплатува на старите должници. На листата на македонскиот првак е Рајн Некар, единствениот тим кој од ноември 2016 година успеал да слави во СЦ „Јане Сандански“ во рамките на групната фаза во Лигата на шампионите. Бундес-лигашот од Скопје си замина со победа од 29-26, од тогаш па наваму „црвено-црните“ доминираа на свој терен, сè до битката со Кил за пласман на фајнл-фор завршницата, ова беше пораз со кој Вардар го завери билетот за Келн.

Македонскиот и германскиот тим пета сезона во низа се соочуваат во групната фаза. До сега одиграле осум пати, Вардар има пет победи и два порази, додека еден натпревар завршил со реми.

Нема сомневање дека сите погледи ќе бидат насочени кон Скопје, затоа што вардарци од почетокот на новото издание промовираат моќ и доминација во дуелите со ривалите, без разлика дали играат дома или на гости. „Лавовите" се нов противник во долгата низа, кој ќе биде испит за вардаровата „машина" која гази се пред себе сезонава на сите фронтови.

„Црвено – црните" ќе бидат со полна сила, на теренот ќе истрчаат и Рожерио Мораес и Вуко Борозан, како и голманот Калифа Гедбан. Единствено, капитенот Стојанче Стоилов, кој е во финална фаза на рехабилитација на скреницата на десната дланка ќе седи на трибините, а како што е од претходно познато друштво ќе му прави поранешниот соиграч, Илија Абутовиќ. 

И најважно од се, Вардар ќе има максимална поддршка од трибините, билетите за овој меч речиси се распродадени. 

Најново во Ракомет