УНГАРЦИТЕ МОЛЧАТ

Од Пик Сегед не го потврдија Македа

Тренерот на Пик Сегед, Карлос Пастор на прес-конференцијата по мечот не сакаше да коментира за трансферот на Хорхе Македа.

објавено: 18 февруари 2018 - 19:28

Тренерот на Пик Сегед, Карлос Пастор на прес-конференцијата по мечот не сакаше да коментира за трансферот на Хорхе Македа.

Иако веќе долго време се пишуваше дека Шпанецот ќе се пресели во таборот на унгарскиот вицепрвак, тој истакна дека додека ја играат сезоната нема да коментира за засилувањата.

"Не би сакал да зборувам за играчите, не кога нема ништо официјално. Можам да кажам дека одигра одлично исто како и Кристопанд", рече Пастор.

Најново во Ракомет