ЕХФ ГИ НОМИНИРАШЕ НАЈДОБРИТЕ 10 ДВОЈКИ

Оди па совладај ги, Вардар го има најтешкиот голмански двоец

Арпад Штербик и Страхиња Милиќ се најдоа на петото место на ЕХФ Топ 10 листата на најдобри голмански двојки, кои ќе бидат дел од новата сезона во Лигата на шампионите. 

објавено: 1 септември 2017 - 09:45

Пред стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, ЕХФ направи топ 10 листа на најдобри голмански двојки, кои ќе бидат дел од ова натпреварување.

„Голманите се најважниот играч во секој тим. Да бидеме искрени, може да ги имате најдобрите играчи во светот, но доколку ги немате вистинските голмани, тешко може да ја освоите титулата“, се вели во текстот на ЕХФ.

Вардаровиот тамнден Арпад Штербик и Страхиња Милиќ се најде на петото место на ЕХФ Топ 10 листата.

„Без сомение станува збор за најтешкиот голмански двоец во Лигата на шампионите, двајцата заедно тежат 254 килограми. Со нивните фантастични одбрани, минатата сезона стигнаа до првата европска титула. Во овој случај што поголемо, тоа е подобро“, стои во текстот за Штербик и Милиќ.

На оваа листа се најде и македонскиот голман, Борко Ристовски, заедно со неговиот соиграч Гонзало Перез де Варгас, ЕХФ ги смести на третото место. Најдобар двоец е Никлас Ландин и Андреас Волф од Кил.

1. Ландин /Волф (Кил)
2. Омејер /Коралес (ПСЖ)
3. Перез де Варгас /Ристовски (Барселона)
4. Миклер /Алиловиќ (Веспрем)
5. Штербик/Милиќ (Вардар)
6. Апелгрен/Паличка (Рајн Некар Левен)
7. Андерсон/Мелер (Фленсбург)
8. Ивиќ/Шмал (Кјелце)
9. Жерар/Портнер (Монпелје)
10. Сиера/Шего (Пик Сегед)

 

Најново во Ракомет