НАЈАВИТЕ НА СПОРТМЕДИА ДОБИЈА ПОТВРДА

Лејно две години во Ѓер: Среќна сум што потпишав за овој тим

„Овој клуб има големо значење за мене бидејќи има голема ракометна историја. Секоја ракометрка би сакала да има вакви соиграчи. Среќна сум што ќе бидам дел од Ѓер“, изјави на промоцијата Амандин Лејно.

објавено: 12 февруари 2018 - 17:24

Најавите на „Спортмедиа“ од пред две недели добија потврда. Амандин Лејно во следните две сезони ќе го носи дресот на Ѓер. Вардаровата голманка уште во јануари се договори со унгарскиот тим, се чекаше само денот на нејзината промоција. 

„Овој клуб има големо значење за мене бидејќи има голема ракометна историја. Секоја ракометрка би сакала да има вакви соиграчи. Среќна сум што ќе бидам дел од Ѓер", изјави на промоцијата Амандин Лејно.

Лејно својата кариера ја започна во 2003 година во дресот на Обенас, по кратко време замина во ХБ Бург. Во 2004 година замина во Мец, чиј дрес го носеше осум години. Пред да дојде во ЖРК Вардар беше член на тимот на Олчим Валчеа.

Французинката не е единствената ракометарка која од редовите на „црвено-црните“ би можела да го носи дресот на унгарскиот тим. Челниците на Ѓер се сериозно заинтересирани за услугите на Драгана Цвијиќ, која во моментов е на мета не неколку други клубови меѓу кои е ЧСМ Букурешт.

ЖРК Вардар следната сезона нема да има ниту една ѕвезда во составот, причината е драстично намалениот буџет со кој ќе располага македонскиот шампион. 

Најново во Ракомет