ВТОР ПОРАЗ НА МЕТАЛУРГ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

ПАДНАА ВО ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ: Бешикташ казни!

Турскиот Бешикташ за кој настапува македонскиот репрезентативец Немања Прибак, беше подобар од тимот од Автокоманда со сигурни (31:27)

објавено: 24 септември 2017 - 18:34

Ракометарите на Металург го доживеаја и вториот пораз во новото издание на Лигата на шампионите. Сега и пред домашната публика во ВИП Арената „БорисТрајковски" во Скопје, каде подобар од нив беше турскиот Бешикташ (31:27).

По израмнетиот прв дел од мечот, кој заврши со нерешени (14:14), „металурзите" попуштија во второто полувреме во кое „црно-белите" од Истанбул ја превземаа контролата над играта и резултатот. Заводеа и со пет голови пшреднопст. Па на крајот и рутинерски го завршија овој меч, со триумф од (31:27).
Во домашната екипа со девет реализирани погодици прв стрелец беше јагањац, додека пак Прибак реализираше шест голови за Бешикташ.

 

Најново во Ракомет