ПОЗНАТИ СЕ СОСТАВИТЕ

Парондо и Пасквал со една измена за пресметката во „Блауграна“

Една недела по убедливиот пораз во СЦ „Јане Сандански“, Вардар вечерва (19 часот) ќе има шанса да му се реваншира на каталонскиот гигант и за првпат да забележи победа на гостински терен. 

објавено: 17 ноември 2018 - 11:38

Нова тешка задача за Вардар во Лигата на шампионите. Една недела по убедливиот пораз од Барселона во Скопје, Роберто Гарсија Парондо и неговите избраници вечерва (19 часот) ќе имаат шанса за одмазда. Лекцијата е едноставна, против каталонскиот гигант техничките грешки мора да се сведат на минимум, противникот не смее да земе замав уште на стартот на мечот, во спротивно на македонскиот првак не му бега исто сценарио како во СЦ „Јане Сандански“.

И за двата тима бодовите и тоа како се важни. Шпанскиот тим сака да одржи бодовната разлика во однос на Вардар, Келце и Рајн Некар, на другата страна „црвено-црните“ немаат намера да се откажат од битката за првото место.

Парондо и Пасквал се одлучија за една измена во составот. Во таборот на Вардар истата е принудна, во следниот период ќе го нема Рожерио Мораес поради операцијата на коленото, на негово место ќе биде младиот Марко Мишевски. Пивотменот Камил Шипжак е новитетот кај Барселона, во аут е Тимотеј Н'гесан.

Вардар нема победа во „Палау Блауграна", само две средби завршиле со тесен резултат, останатите мечеви Барселона ги добивала без мака. 

Најново во Ракомет